6 причини зошто да бидете вегетаријанец

Од:

Постојат различни причини зошто нешто јадете или не. Вегетаријанството се повеќе се прифаќа како начин на исхрана.

Ова се топ 6 причини зошто да станете вегетаријанец:

1. Јадењето месо го поддржува убивањето на животни

За разлика од некогашните фарми каде речиси се било по природен пат, денес има премногу механизми и вештачки обиди за добивање што повеќе месо за пократко време, па така животните се изложени на големи опасности и измачувања.

2. Јадењето месо е лошо за околината

Месната индустрија треба да биде главен фокус кога се соочуваме со проблеми како неплодност на земјата, климатски промени, загаденоста на воздухот, чистината на водата и биоразградливоста.

3. Им помагате на животните и на глобалната сиромаштија

Наместо да се трошат милиони тони добиточна храна за да се одгледаат животни за храна на луѓето, може да има повеќе пари и храна за сиромашните и помалку убиени животни.

4. Не јадете птици

Според Светската здравствена организација се смета дека преносливите вируси од храната како птичјиот грип, можат да бидат избегнати само ако не јадете ниту месо ниту јајца од птици.

5. Ќе ослабете

Доколку не јадете месо, а по можност и останатите производи од животинско потекло како: млеко и јајца, при тоа да не ги јадете ниту оние рецепти кои ги содржат, слабеењето ви е загарантирано.

6. Заштедувате

Ќе заштедите во рестораните, бидејќи најскапите јадења содржат месо, а плус сега веќе и рестораните имаат специјално вегетаријанско мени, кое може да биде вкусно.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава