ВМРО-ДПМНЕ: Во време на Спасовски во МВР се пробиваа акции за апсење на картели, се штанцаа пасоши на мафијаши

Од:

Кузеска добро да се информира пред да излегува на прес конференции, за да не се извинува повторно, откако ќе се фати во лагите. Хаосот по улиците е предизвикан од СДС и Спасовски, кои 8 години дозволија безредие, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во време на Спасовски во МВР се пробиваа акции за апсење на картели, се штанцаа пасоши на мафијаши, се крадеше муниција од полициски објекти. Криминалците се осилија во времето на Спасовски. Сега владата на ВМРО-ДПМНЕ прави се за да воспостави брзо и ефикасно ред на улиците. Граѓаните да се чувствуваат безбедно, зошто сега за разлика од порано се постапува веднаш, и веднаш има уапсени. Во време на СДС ниту еден убиец не е фатен, десетици нерасчистени убиства стојат на контото на СДС, кои наместо да го гонат криминалците се сојузија со нив“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на еднострани отстапки, Македонија бара реципроцитет од Бугарија

Лозановска: Во времето на СДС и ДУИ се нарачуваа судски пресуди и сето тоа доведе довербата на граѓаните во правосудството да падне на цели 2%

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица што го негираат македонскиот идентитет

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири невистина со поништената набавка на 150 електрични автобуси