Кузеска: СДСМ бара оставка од Тошковски и детална истрага за скандалот со злоупотреба на границата

Од:

На денешната прес конференција СДСМ ги објави информациите од свиркачите за скандалот со свадбената поворка на Африм Гаши и скандалот со злоупотреба на граничниот премин Блаце. СДСМ побара оставка од Тошковски, декласификација на снимките од граничниот премин и детална истрага за скандалот, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

-Време е за одговорност, онаму каде што вистински е лоцирана, почнувајќи од министерот Тошковски па се до крај. Бараме целосно да се декласифицираат и да се објават снимките од граничниот премин Блаце за време на целиот ден. Граѓаните да видат кој се поминал без контрола но и да се види дали и други возила се пропуштаат на граничниот премин Блаце. Тоа ќе биде основа и за истражните органи да постапуваат. Бараме Тошковски да си даде оставка. На тој начин ќе остави простор истражните органи, Јавното обвинителство, во транспрентна постапка и без притисок да ја утврди одговорноста на сите инволвирани во овој голем скандал. ОЈО да отвори детлна истрага и овој скандал да има разрешница. Секој што го прекршил законот мора да одговара! Ова е голем скандал кој не значи само тешка злоупотреба на граничниот премин, туку и своеволие, прекршување на законите и потенцијлно направени кривични дела кои допрва треба да се истражуваат. Безбедноста на границите ни е нарушена а граничната контрола целосно суспендирана и ставена под партиска команда на ВЛЕН и ДПМНЕ. Ова е недозволиво и опасно за државата членка на НАТО и одговорност мора да има – рече Кузеска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок две милијарди евра

(ВИДЕО) Кузеска: Фирмата и сопругата на началникот Салтировски донатори на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Расипничка власт потроши три милиони евра за мобилни телефони додека народот нема за леб

ВМРО-ДПМНЕ: Кузеска да ги повика институциите да отворат истрага за Филипче за модуларната во Тетово

(ВИДЕО) Кузеска: Народoт едвај преживува, а власта ги покачува само платите на функционерите

(ВИДЕО) Кузеска: Колку рекетирани пари има земено Мицкоски за 150 дивоградби?

Горан Наумовски