УЕФА го казни Партизан со 40.750 евра поради инциденти со навивачите на мечот против Лугано

Од:

Дисциплинската комисија на Европската фудбалска унија (УЕФА) денеска го казни Партизан со вкупно 40.750 евра поради навивачките инциденти на реванш натпреварот од третото коло од квалификациите за Лигата на Европа против Лугано, што се одигра во Тун на 15 август.

Како што е наведено во одлуката, српскиот клуб е казнет за: расистичко и/или дискриминаторско однесување, транспаренти несоодветни за спортски настан и за палење пиротехнички средства.

Партизан ќе плати петнаесет илјади евра за истакнување транспаренти на кои нема место на фудбалските терени, 5.750 за употреба на пиротехнички средства и 20.000 евра за расистичко однесување на навивачите. Освен тоа, клубот нема да може да смета на поддршката од приврзаниците на „црно-белите“ на следното гостување кај Гент, следната среда.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година