Полицијата извести дека вчера во 23.30 часот во Штип, полициски службеници при СВР Штип го уапсиле Ф.С.(42) од Штип затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, при што употребил и остар предмет и му нанел повреда.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.