МВР за пукањето во Ченто: Ранет е 30-годишен скопјанец кој бил совозач во автомобил

Од:

Полицијата извести дека вчера околу 20.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Александар Македонски” во Скопје, од возило во движење од огнено оружје било пукано во возило „фолксваген пасат” управувано од Н.А.(43) од Австрија, со привремен престој во Скопје, а сопатник бил Н.А.(30) од Скопје.

Притоа, со прострелна рана се здобил возачот Н.А. и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Увид извршила екипа од СВР Скопје и на местото биле пронајдени чаури од огнено оружје калибар 9 мм.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос во Русија, полицијата мораше да пука, има мртви и ранети

Горан Наумовски

Авињон: Тројца ранети во пукотница поврзана со дрога, еден во критична состојба

Хаос на улиците на Амстердам: Две пукотници за половина час, еден маж е тешко повреден

Пукање во Франција: Неколку лица се тешко повредени

Пукање во близина на Лесковац, најмалку едно лице е рането

Горан Наумовски

Австриските медиуми објавија слика од убиецот од Грац