ВМРО-ДПМНЕ: Славјанка Петровска откако изгуби за претседател на СДС, изгуби и контрола над себе

Од:

Славјанка Петровска откако изгуби за претседател на СДС, изгуби и контрола над себе. Бараме вештачење на деловната способност на Славјанка или во спротивно ќе треба да сноси одговорност за клеветите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Обвинувањето за убиства е сериозно обвинение и не може да се толкува дека тоа може да го тврди здрава личност, освен ако не изнесе докази за тоа. Ако лицето кое го посочува е познат лик од скопското подземје и министерката Славјанка го знаела тоа зошто не го уапсиле додека биле на власт?

Дека натписот на Славјанка е гнасен и одраз на една внатрешна состојба на злоба и лична фрустрација. На Славјанка не и пречеа ни Грчеци, ни фантоми, ни Бела ноца, ни Барон цели 7 години збор не гукна, се јави сега после подолг одмор на луксузна дестинација. Што мислат граѓаните за нејзе и нејзината работа кажаа на изборите кои беа пред неполни 3 месеци.

Оваа влада е неполни 2 месеци на власт. Институциите и улиците се полни со бандити кои изминативе 7 години ја преземаа државата со помош на корумпираните водства на ДУИ и СДС чиј значаен дел беше Славјанка која ќе повториме се додека седеше во фотелјата не гледаше ништо што се случува. Но, затоа и ја добија казната. Народот гледа што се случува и е свесен каква држава ВМРО-ДПМНЕ наследи и дека е потребно време да се фатат конците. Криминалот на претходната власт и нејзините инсталации е метастазиран. Но, да знае и Славјанка и сите оние имаат дилеми, Македонија ќе успее. И Македонија ке победи! Морбидноста на СДС оди дотаму што се подготвени и врз вакви случаи да прават дневна политика. Срамно морбидно и мизерно. Дополнително, после ова реакција очекуваме дека Славјанка Петровска ќе излезе со сожалување за себе си, како немоќна и кутра женичка против која е целиот свет, но всушност таа во тоа име се расфрла со клевети и покажува внатрешни фрустрации, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Колку може СДС да тоне, пред да се извини за Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на сигурен пат да исчезне

ВМРО-ДПМНЕ: Груби правеше милионски криминал, а СДС молчеа за ден повеќе на власт

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се обидува да го штити Груби

ВМРО-ДПМНЕ: Годинава ќе има повторно зголемување на минималната како и на сите останата плати

Реакција од ВМРО – ДПМНЕ на соопштение на СДСМ