Цивилите масовно бегаат на истокот на Украина, Русите навлегуваат

Од:

Украинските цивили се принудени да го напуштат важниот град Покровск на истокот на земјата. Русите, всушност, напредуваат кон градот и покрај неодамнешниот молскавичен упад на Киев во областа Курск со надеж дека руските сили ќе бидат принудени да ги повлечат своите сили од источниот фронт.

Локалните власти соопштија дека руските сили напредувале толку брзо што на семејствата со деца им било наредено да го напуштат градот и околните градови и села.

Некои украински цивили плачеа додека чекаа да се качат во возот за да избегаат од борбите. Наталија Иваниук изјави за Скај њуз дека бучавата од експлозиите од руските напади е насекаде додека таа и нејзините ќерки, на возраст од 7 и 9 години, го напуштале својот дом во блискиот Мирноград, кој е на помалку од 10 километри од линијата на фронтот.

„Беше страшно, страшно. Едвај излеговме“, рече таа.

Украинската војска соопшти дека нејзините сили вчера биле изложени на десетици напади на руските сили околу Торечко и Покровское, а некои се прошириле и во текот на ноќта. Беше објавено дека се регистрирани 63 престрелки околу Покровск, клучен логистички центар и важно одбранбено упориште во регионот на Доњецк.

Би можело да ве интересира

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во руска фабрика за воена опрема

Катерина Ѓуровски

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна