Деветнаесетгодишно момче вчера починало во забавен парк во Пефкохори на Халкидики додека биле на одмор со неговото семејство, објавија повеќе грчки медиуми.
Трагедијата се случила откако му се скршило столчето на вртелешката, по зголемувањето на брзината, на која се возеле заедно со неговиот брат.
Откако ја видел несреќата, операторот на играта побегнал без да ја прекине серијата, а наместо него други луѓе ја запреле машината, Уапсен е сопственикот на забавниот парк.