ВИДЕО: Британскиот тајкун исчезна, ден претходно беше убиен неговиот деловен партнер

Од:

Деловниот партнер на британскиот технолошки тајкун Мајк Линч, кој исчезна во потонувањето на луксузна јахта во близина на брегот на Сицилија, почина за време на викендот, пишува германската новинска агенција ДПА.

Двајцата во јуни беа ослободени од обвиненијата за измама поврзана со продажбата на компанијата на Линч Autonomy на американската компанија Hewlett Packard за 11 милијарди долари.

Кообвинетиот на Линч во тоа судење, Стивен Чембрлен, почина откако беше удрен од автомобил во Стретам, Кембриџшир, додека џогирал викендот.

Линч исчезна со уште пет лица откако 56-метарскиот едреник потона во невреме во понеделникот вечерта.

Меѓу исчезнатите се Џонатан Блумер, претседател на фирмата за пазарот на капитал Морган Стенли Интернешнл и Крис Морвило, адвокат во Клифорд Ченс, кој го застапуваше Линч во долгогодишното судење во САД.

Исчезнати се и сопругите на двајцата, изјави за италијанските медиуми Салваторе Кочина, шеф на Цивилната заштита на Сицилија.

Специјални нуркачи стигнале до бродот на длабочина од околу 50 метри, но пристапот до потонатиот брод бил отежнат поради расфрлани предмети, соопшти противпожарната бригада.

Петнаесет луѓе беа спасени пред да потоне чамецот, меѓу кои и сопругата на Линч, Ангела Бакарес, која е сопственик на јахтата, и нејзината едногодишна ќерка.

Би можело да ве интересира

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Три жени ранети во престрелка во Англија

Јавниот долг на Велика Британија достигна 100 отсто од нејзиниот БДП

Инцидент во Велика Британија: Седум лица се во болница поради „хемиски инцидент“