Велика Британија започна правна постапка против ЕУ околу ограничувањето на бонусите

Од:

Британското Министерство за финансии отвори правна постапка против планот на ЕУ за ограничување на бонусите за банкарите.

Намерата на Брисел е банкарските бонуси да не може да бидат повисоки од нивната плата, освен ако за тоа се согласат акционерите на банката.

По избувнувањето на банкарската и финансиската криза, во есента 2008 година, културата за земање високи бонуси беше обвинета за охрабрување на банкарите да преземаат ризични инвестициони и финансиски операции. Доколку се прифати оваа мерка, таа на сила би стапила веќе од 2014 година.

Еврокомесарот за внатрешен пазар Мишел Барние изјави дека не е воопшто изненаден од постапката на британската Влада, затоа што Велика Британија беше единствена од сите членки на ЕУ која на самитот во почетокот од оваа година, се спротивстави на воведување ограничување на висината на банкарските бонуси.

Приговорот на британската Влада, меѓутоа, беше надгласан од сите други земји членки.

Велика Британија има најголем финансиски и банкарски сектор меѓу земјите на ЕУ, па во Лондон се смета дека предложената нова мерка на Брисел, најмногу ќе ја погоди британската економија, а финансискиот центар Сити ќе се соочи со загуби.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство