ВИДЕО: Силен земјотрес и ерупција на вулкан во Русија

Од:

Руските државни медиуми јавуваат дека по земјотресот со јачина од 7 степени, кој го погоди источниот брег на Русија, еруптирал вулканот Шивелуч.

Вулканот е оддалечен околу 450 километри од крајбрежниот град Петропавловск-Камчатка, кој има околу 180.000 жители, пишува CNN.

„Според визуелните проценки, пепелта се издигнува на дури 8 километри надморска височина“, објави утринава ТАСС, додавајќи дека вулканот исфрлил лава.

Според американскиот геолошки институт (USGS), епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 48 километри.

ТАСС наведува дека по земјотресот не е забележана поголема штета, но дека властите превентивно ја проверуваат безбедноста на зградите во околните области. Полуостровот Камчатка е една од сеизмички најактивните области во светот поради средбата на пацифичките и северноамериканските тектонски плочи.

Би можело да ве интересира

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Жена после 91 час е извлечена од урнатините по земјотресот во Мјанмар

Исланд го погодија два земјотреси со јачина од 5,2 и 5,3 степени

Киев: Русите регрутираат млади државјани на Украина за терористички и диверзантски активности

Нов силен земјотрес го погоди Мјанмар: Повторно се тресе тлото

Горан Наумовски