На 111 години почина најстарата жена од БиХ

Од:

Ајка Локмиќ, која беше најстарата жителка на Босна и Херцеговина, почина во саботата во Сараево на 111-годишна возраст, јавува Анадолија.

Ајка минатата година го даде едно од последните, можеби и последно интервју за агенцијата Анадолија.

Живеела во куќа стара околу 150 години во Сумбулуша, во сараевската населба Стари Град. Таа била една од 12-те стогодишници во областа на оваа сараевска општина. Родена е во 1914 година во Босански Шамац, а како дете останала сираче и дошла да живее кај своите роднини во Сараево.

Откако се омажила за Нурија Локмиќ, од улицата Хаџијамакова се преселила во Мејлијина, во семејната куќа во која живеела до нејзината смрт. Имаа четири деца, а нејзиниот сопруг почина пред 40 години.

Нејзината ќерка Зумрета Дедајиќ во интервју за Анадолија вели дека не само што е најстарата личност во Босна и Херцеговина, туку и во цела Европа, од каде одредени здруженија и новинари веќе ги контактирале со барања за интервју.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уште се трага по исчезнати во Босна: Ова е катаклизма

Катерина Ѓуровски

Пронајдени уште две тела во поплавените региони во БиХ

Катерина Ѓуровски

Спасувачите во Јабланица извлекоа мало дете: Беше под плоча тешка два тона

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пронајдени уште тела, порасна бројот на мртви во поплавите во Босна

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Расте бројот на мртви во БиХ, спасувачите објавуваат драматични снимки

ВИДЕО: Шини буквално висат во воздух, огромни штети од поплавите во Босна и Херцеговина

Катерина Ѓуровски