Бен Афлек го прослави својот 52 роденден во својата нова вила во која живее без Џенифер Лопез.
Холивудскиот актер Бен Афлек го прослави роденденот, а она што сите ги интересираше е – каде е Џенифер Лопез?
Актерот реши да прослави со семејството, па прекрасниот ден го помина со поранешната сопруга Џенифер Гарнер со која има и деца. Овој поранешен пар остана во пријателски односи и често се гледаат по разводот. Инаку, тие беа во брак од 2005 до 2018 година.
Интересно е тоа што за тоа време латино дивата Џеј Ло објавуваше фотографии од нејзината роденденска забава во Хемптонс, на која отсуствуваше и Афлек. Таа ниту еден момент на социјалните мрежи не му го честитала роденденот на актерот.
Веќе некое време се шпекулира за развод на славната двојка. Нивната заедничка вила е ставена на продажба, одамна не ги носеле бурмите, а на сите настани се појавуваат одделно.