Пожар на грчкиот полуостров Атика оштети 1.238 домови и изгоре 104.000 хектари земја, покажа денеска извештајот на европската служба за брзо мапирање Коперник.
Официјално, 104 куќи се прогласени за неиздржливи, од кои 40 изгореа до темел и ќе бидат урнати, соопшти грчкото Министерство за климатски кризи и цивилна заштита.
Грчките власти првично пријавија „помалку од 100“ оштетени згради, а од министерството велат дека досега се извршени 184 контроли во погодените згради во Атика.