Борел го осуди нападот на израелските доселеници врз палестинското село, се закани со санкции од ЕУ

Од:

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска го осуди нападот на израелските доселеници врз палестинското село Џит на Западниот Брег и најави дека планира да предложи санкции на ЕУ против оние кои ги овозможуваат дејствијата на насилните доселеници, вклучително и некои членови на израелската влада.

„Ги осудуваме нападите на доселениците во Џит, кои имаат за цел да ги тероризираат палестинските цивили“, напиша Борел на социјалната мрежа Х.

Тој додаде дека „од ден на ден, речиси целосно неказнето, израелските доселеници поттикнуваат насилство на окупираниот Западен Брег, придонесувајќи за загрозување на секоја шанса за мир“.

„Ја потврдувам мојата намера да поднесам предлог за санкции на ЕУ против оние кои овозможуваат насилни доселеници, вклучително и некои членови на израелската влада“, рече Борел.

Еден Палестинец загина кога десетици израелски доселеници го нападнаа селото Џит на Западниот брег, каде запалија неколку куќи и автомобили, соопштија палестинските власти.

Би можело да ве интересира

Прва земја од регионот – потписник на Партнерство за безбедност и одбрана со Европската Унија

А1он

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети