Николоски: Обезбедивме плати за Пошта и за Железници

Од:

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски објави дека се обезбедени средства за плати за вработените во националната Пошта и во железничките претпријатија Инфраструктура и Транспорт.

-Работите се менуваат – во време на СДСМ и ДУИ немаше плата, сега има! Денес плата ќе добијат вработените во Македонски Пошти, а вчера добија во Македонски Железници Инфраструктура. Од понеделник ќе има плата и за Железници Транспорт. Втор месец со ред има редовна плата, а од следниот месец нема да има проблеми за плата затоа што ќе стане ефективен ребалансот на буџетот. 4.400 семејства го добиваат тоа што го сработиле. Знам дека многумина ќе речат дека исплата на плата е нормална работа, ама и тоа не беше така во времето на СДСМ и ДУИ, напиша Николоски во објава на Фејсбук.

Николовски упати честитки за менаџментот на Македонски Пошти, Железници Инфраструктура и Железници Транспорт и најавува дека „сега следи период на истраги и одговорност за претходното недомаќинско работење“.

Би можело да ве интересира

Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија

Николовски од Белград: Затоплување на политичките односи и подобрување на економската соработка со Србија

Предраг Петровиќ

Николоски: Секогаш кога во Бугарија ќе дојдат избори се злоупотребува темата Македонија

Николоски: Како што го кренавме ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја кренеме и Македонија

Горан Наумовски

Николоски: Ветувавме дека нема да има уставни измени под бугарски диктат и немаше, сега ќе нема влада со ДУИ

(ВИДЕО) Николоски: Очекувам во четвртата изборна единица ВМРО-ДПМНЕ да освои помеѓу 13-14 пратеници

Горан Наумовски