(ВИДЕО) Шумски пожари во Турција: Спомениците на гробиштата поцрнети од пламените јазици

Од:

Низ Турција, пожарникарите се борат со шумските пожари предизвикани од суво, топло и ветровито време. Еден од пожарите се шири и во близина на спомениците и гробовите од Првата светска војна на местото на битката во Галиполи.

Спомениците на гробиштата во Кентербери каде што се закопани војници од Нов Зеланд се поцрнети од пламените јазици кои беа ставени под контрола.

На западниот брег пожарот се приближил до куќите на периферијата на Измир, третиот по големина град во Турција, а жителите биле евакуирани.

Во провинцијата Маниса трет ден гори пожар во Гордес, шумска рурална област во северозападна Турција. Евакуирани се речиси 80 домови, а голем дел од зградите во селото Карајакуп се тешко оштетени, јави агенцијата Демирорен.

Турција мобилизираше десетици авиони, стотици возила и илјадници пожарникари за гаснење на пожарот.

Министерот за шумарство Ибрахим Џумакли предупреди на зголемен ризик од пожари за време на викендот поради малата влажност, силниот ветер и високите температури.

Генералниот директорат за шумарство ги предупреди граѓаните во западна Турција да не палат пожари надвор во следните 10 дена, предупредувајќи на 70 отсто поголема опасност од пожари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски