Десетици израелски доселеници нападнаа палестинско село во близина на градот Калкилија на Западниот брег, запалија автомобили убивајќи најмалку едно лице, соопштија денеска властите.
Палестинското Министерство за здравство соопшти дека еден Палестинец бил убиен, а друг тешко ранет во престрелката од израелски доселеници за време на инцидентот во селото Џит.
Settlers run riot in the Palestinian village of Jit in the West Bank. Israeli officials may label them as fringe, but they’re not.
The most violent and zealot groups are embedded within Israeli institutions—the vanguard on which annexation is built.pic.twitter.com/b6WKQvo0AY
— Etan Nechin (@Etanetan23) August 15, 2024
Се вели дека доселениците упаднале во Џит, кој се наоѓа покрај главниот пат меѓу Наблус и Калкилија, а потоа отвориле оган врз жителите таму, фрлајќи камења по куќите и запалиле најмалку една куќа и неколку возила.
Снимките споделени на социјалните мрежи покажуваат запалени автомобили и куќи по нападот.
Белата куќа доцна вчера соопшти дека нападите на доселениците врз палестинските цивили на Западниот Брег се неприфатливи и мора да престанат.
„Израелските власти мора да преземат акција за да ги заштитат сите заедници од штета, што вклучува интервенирање за да се запре таквото насилство и да се повикаат на одговорност сите сторители на такво насилство“, додаде портпаролот на Белата куќа.
Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави соопштение во кое се вели дека тој инцидентот го сфаќа „со најголема сериозност“.
„Оние кои се одговорни за какво било дело ќе бидат уапсени и казнети“, се вели во соопштението.
Израелската војска соопшти дека полицијата и воените единици интервенирале и уапсиле еден Израелец, осудувајќи го инцидентот.