Физички нападната даночна службеничка во Куманово

Од:

Даночен референт од одделението на УЈП во Куманово денеска била физички нападната од даночен обврзник додека ги вршела службените должности.

Како што соопшти УЈП, службеничката која вршела достава на опомени за неплатена радиодифузна такса на граѓани, била физички нападната од страна на даночниот обврзник, кој истовремено брутално и ги одземал и запалил службените акти.

Случајот е пријавен во СВР Куманово.

– Ваквите инциденти се исклучоци, Управата за јавни приходи изразува згрозеност од бруталноста и навредите кои се упатуваат кон даночниците, а посебно кога се доведува во прашање безбедноста и здравјето на вработените при вршење на професионалните должности, стои во соопштението од УЈП.

Би можело да ве интересира

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп