Најмалку седум земјотреси синоќа ја погодија Хрватска, јавува Сеизмолошкиот завод на Србија.
Првиот земјотрес со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Хрватска синоќа во 22 часот и 39 минути, а потоа следеа уште најмалку шест земјотреси.
Следниот земјотрес бил со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала и бил регистриран во 5:14 часот.
Потоа следеше серија земјотреси – 2,2 степени според Рихтеровата скала во 5:21 часот, а потоа најсилниот земјотрес од 4,2 степени според Рихтеровата скала е забележан само 12 минути подоцна – во 5:33 часот.
После тоа Хрватска се стресе уште најмалку три пати, со земјотреси со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала, 2,4 степени според Рихтеровата скала и 2,3 степени според Рихтеровата скала, кој е регистриран во 6.07 часот.
Засега нема информации за материјална штета.