Еден пилот и најмалку еден патник се исчезнати откако два борбени авиони на воздухопловните сили се урнаа денеска во Лорен, источна Франција, додека пилотот на другиот авион го преживеа инцидентот, соопштија француските власти.
„Еден од пилотите е пронајден. Истрагата се уште е во тек“, изјави францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорну во објава на мрежата X.
Француските медиуми објавија дека спасувачите трагаат по исчезнат студент по лет кој се наоѓал во еден од авионите, како и уште еден исчезнат пилот, пренесува Ројтерс.
Префектурата Мерт и Мозел апелираше до граѓаните да се држат настрана од областа каде што се урнале авионите.