Курти на почетокот на работите на патот Призрен – Тетово: Ги поврзуваме двата историски града

Од:

Косовскиот премиер Албин Курти, заедно со министерот за инфраструктура Либурн Алиу, го посети местото каде што почнаа работите на патот Призрен-Тетово кој, како што истакна, ги поврзува овие два историски града на двете соседни земји и е од особено значење, како за граѓаните, така и за стопанството.

Во видеото што го објави денеска на неговата страница на Фејсбук, Курти вели дека работите почнуваат со сегментот Стружа, од поврзувањето со автопатот „Ибрахим Ругова“ во Призрен, и „ќе се работи секој ден до реализација на оваа толку посакувана инфраструктурна врска“.

„Сега ги започнуваме работите, долг е (сегментот) близу седум километри и со вредност од 8,3 милиони евра… Треба да дадеме максимална поддршка овој инфраструктурен проект да биде завршен што поскоро, бидејќи е изгубено многу време за Призрен и Тетово да останат толку долго разделени“, рече Курти.

Министерот за животна средина, просторно планирање и инфраструктура, Либурн Алиу, рече дека овој проект, освен што го поврзува автопатот „Ибрахим Ругова“ со Јонско-јадранскиот коридор и Коридорот 8 од другата страна, кај Тетово, ќе служи и за планински туризам од двете страни и ќе придонесува за економскиот развој на двете земји.

Би можело да ве интересира

Алармантно кај мостот на Ибар: КФОР трупа сили

Курти до Мицкоски: Не сме само соседи, туку и сојузници и блиски партнери

Горан Наумовски

Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје

САД го повика Курти да ја одложи одлуката за укинување на динарот

Курти за средбата со Рама и Таравари: Мора да бидеме еден за друг

Нерегистрирано во Македонија, движењето на Курти влезе во коалицијата на Меџити, Касами и Гаши