ВИДЕО: „Лесно влеговме во Русија“ – сведочат украинските војници

Од:

Украинската армија завчера првпат објави дека во еднонеделна офанзива освоила дури 1.000 квадратни километри руска територија. Рускиот гувернер на Курск, пак, во разговор со претседателот Владимир Путин, кој не го криел своето незадоволство, признал дека изгубиле 28 населени места во областа Курск и дека речиси 200.000 Руси ги напуштиле своите домови.

Иако украинскиот претседател Володимир Зеленски зборуваше за таргетирање области од кои Русија може да изврши напади врз Украина, точната цел на оваа офанзива сè уште е нејасна. Јасно е дека Киев распоредува некои од своите најдобри трупи.

Војник, кој се уште е во Русија, преку апликацијата за пораки Телеграм за Би-Би-Си изјави дека се подготвувале за мисијата со месеци. „Елементот на изненадување функционираше. Лесно влеговме во Русија, немаше голем отпор. Во текот на ноќта на 6 август првите групи ја преминаа границата и се упатија во неколку правци. Речиси веднаш стигнаа до западната периферија на градот Сужа. “ рече тој.

Десетици илјади цивили беа евакуирани од двете страни на границата поради засилените напади и жестоките борби. „Руските цивили што ги среќаваме не пружаат отпор. Ние не ги допираме, а тие имаат негативен став кон нас или воопшто немаат. Тие ни даваат и лажни информации за позициите на руските трупи“, додава тој.

Војниците со кои разговараше Би-Би-Си потврдија дека Русите ги прераспоредиле своите сили од источниот фронт. Путин вети „силен одговор“ на првото заземање на руска територија по Втората светска војна.

Украина доби зелено светло од Запад за напади на руска територија. Киев очигледно се надева дека Русија ќе биде принудена да го префрли својот фокус од борбите на украинска територија на своја територија.

Некои во Украина веруваат дека оваа контраофанзива може да ја зајакне нејзината позиција во идните мировни преговори. Од друга страна, овој вид на упад на руска територија може да ги отежни преговорите меѓу завојуваните страни.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во руска фабрика за воена опрема

Катерина Ѓуровски