ВИДЕО: Украина продолжува да ја напаѓа Русија со дронови и ракети, прогласени вонредна состојба и евакуација

Од:

Вороњешката и Курската област во Русија синоќа беа нападнати со беспилотни летала и проектили, а утринава имало напад и на Нижни Новгородска област, пренесува „Украинска правда“.

Руските Телеграмски канали јавија дека за време на нападот со дрон избувнал пожар во градот Воронеж, а локалните жители велат дека цел на нападот бил воениот аеродром на периферијата на градот. Локалните медиуми објавија и за експлозии во градот Борисоглебск.

Има извештаи за украински ракетен напад и активност на руската воздушна одбрана во областа Курск. Телеграмските канали објавија видео на кое се гледа пожарот од далечина, додека други видеа снимија звуци од експлозии.
Гувернерот на Курската област Алексеј Смирнов објави дека противвоздушната одбрана соборила четири проектили. Покрај нападите на овие две области, прогласена е и воздушна тревога во областа Липецк, а локалниот гувернер Игор Артамонов нагласи дека нивото на опасност е црвено, односно највисоко ниво.

Утринава се слушнале експлозии во близина на воздухопловната база Саваслејка во регионот Нижни Новгород. Мештаните забележале беспилотни летала како летаат над населбите Велетма и Саваслејка. На снимките се снимени летот на беспилотни летала, како и звуци на противвоздушна одбрана и експлозии.

Воздушната база се наоѓа на 12 километри северозападно од градот Кулебаки. Локалните канали објавија „околу 10 удари“ на воздухопловната база и тврдат дека пристапот до Кулебака е блокиран. Воздухопловните сили на Украина често известуваат за полетување на ловци МиГ-31К, кои можат да носат ракети Кинжал, од воздухопловната база Саваслејка.

Инаку, гувернерот на руската погранична област Белгород Вјачеслав Гладков денеска прогласи вонредна состојба во целиот регион, наведувајќи го како причина продолжувањето на нападите на украинските сили.

„Ситуацијата во регионот на Белгород останува исклучително тешка и напната“, рече Гладков во видеото објавено на апликацијата за пораки Телеграм. Секојдневното гранатирање од страна на украинските вооружени сили уништи куќи, има убиени и ранети цивили, додаде тој.

„Затоа, донесуваме одлука, почнувајќи од денеска, да прогласиме регионална вонредна состојба во целиот регион Белгород со последователен апел до владата да прогласи вонредна состојба на федерално ниво“, додаде Гладков.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во руска фабрика за воена опрема

Катерина Ѓуровски