Едно лице загина во шумските пожари што вчера се проширија во предградијата на Атина. Телото, за кое се верува дека е женско, било пронајдено во продавница во градот Врилисија, северно од Атина, изјави за Би-Би-Си извор од противпожарната служба.
Илјадници луѓе се евакуирани откако пожарникарите предупредија дека се загрозени домови, деловни објекти и училишта, а пожарите се очекува да продолжат и денеска.
GREECE
BREAKING – Wildfires blaze through Greece as approach toward capital increases in likelihood
AUG 12, 2024
Wildfires across Greece rage and possibly head toward the capital city of Athens as hundreds of firefighters and volunteers see no break in the onslaught.… pic.twitter.com/3B8xaQOPcD— Abhay (@AstuteGaba) August 12, 2024
Портпаролот на противпожарната служба Василиос Ватракогијанис рече дека иако повеќе нема активен огнен фронт во североисточниот регион Атика, кој опфаќа делови од Атина, сè уште има „многу активни локални пожари“, главно околу градовите Маратон и Пентели.
Полковникот Ватракоганис рече дека двајца пожарникари се здобиле со изгореници додека се бореле со пожарот. Официјални лица рекоа дека вчера избувнале пожари на 40 различни локации и во некои области биле забележани пламени високи до 25 метри. Луѓето во Атина носеа маски за лице за да се заштитат од чадот што дуваше во градот.
❗️🔥🇬🇷 – In Greece, the Barnabas fire, which has been raging for days in the Attica region, has burned more than 100,000 acres, devastating businesses and homes, especially in Vrilissia and Penteli, where a woman was reported missing.
Italy, France and the Czech Republic are… pic.twitter.com/sWAZAYGJgx
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) August 12, 2024
Во Пентели, шумско, ридско подрачје, мораше да се евакуираат три болници. Пожарот зафатил фабрика за дрво, а на други места во областа се слушнале бројни експлозии, најверојатно од резервоари за гориво и плински боци.
Европските земји најавија помош за Грција откако нејзината влада го активира механизмот за меѓусебна цивилна заштита на ЕУ. Италија обезбедува два авиони, додека Франција и Србија обезбедуваат по еден хеликоптер, рече полковникот Ватракогијанис.
Шпанија, Чешка и Романија испраќаат дополнителни возила, персонал и помош. Соседна Турција исто така се подготвува да испрати два авиони и хеликоптер, рече министерот за надворешни работи Онџу Кечели. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, рече на X дека ЕУ „ќе стои со Грција во борбата против разорните пожари“.
Инаку, Грција ги доживеа најтоплите јуни и јули во историјата на мерењата.