Тројца морнари загинаа денеска, а четвртиот е тешко повреден во Мали Лошињ кога се случи несреќа на траектот Ластово, соопшти хрватското Министерство за море, транспорт и инфраструктура.
Претходно полицијата и фирмата Јадролинија соопштија дека загинале двајца морнари, а еден е повреден.
„Додека се работеше на траектот на Јадролинија Ластово во Мали Лошињ, денеска во попладневните часови се случи несреќа во која загинаа тројца членови на екипажот на Јадролинија, додека четвртиот е тешко повреден“, соопштија од Министерството, јавува ХРТ.