Само неколку часа пред церемонијата на затворање на Олимписките игри во Париз, се случи драма во строгиот центар на градот, бидејќи полицијата мораше да ја евакуира Ајфеловата кула и околината, јавува Асошиејтед прес.
Имено, едно лице било забележано како се качува на оваа париска знаменитост, што предизвикало итна полициска реакција.
Човекот без кошула беше забележан веднаш над олимписките прстени поставени на врвот на Ајфеловата кула.
Како резултат на тоа, полицијата мораше да ги отстрани посетителите од местото на настанот, а некои од посетителите беа накратко затворени на вториот кат, но на крајот им беше дозволено да заминат 30 минути подоцна.
Инаку, свеченото затворање на Олимписките игри е закажано за вечерва во 21 часот, а повторно се во сила големи безбедносни мерки.