Еден загинат, неколкумина повредени во сообраќајка на регионалниот пат Македонски Брод – Кичево

Од:

МВР извести дека вчера во 23.12 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод – Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „БМВ“ управувано од М.К.(23) од Кичево, возило „ауди“ управувано од Ѓ.И.(40) од Кичево, како и со четири паркирани возила: „БМВ“, „ауди“, „фолксваген шаран“ и „опел“.

Во незгодата починал М.К., а смртта е констатирана во Градска болница Кичево, додека со тешки телесни повреди се здобил вториот возач на „аудито“ Ѓ.И., како и уште четири сопатници во двете возила, „мерцедес“ и „ауди“, а две лица (сопатници), се здобиле со телесни повреди, сите констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Градежен работник загина од струен удар додека работеше на фасада од куќа

А1он