ВИДЕО: Русинка ја отру противничката на шаховски турнир, надзорните камери снимија се

Од:

Шахистката Амина Абакарова се обидела да ја отруе својата противничка Умајганат Османова на турнирот во Дагестан, пишува The Mirror.
Имено, Русинката истурила жива од термометарот на шаховската табла и на масата со шаховски фигури, а не долго откако Османова седнала на маса, почувствувала мачнина и вртоглавица и на крајот колабиралa.

На местото на настанот и била укажана помош, па завршила во болница, а британските медиуми пишуваат дека за среќа нејзиниот живот не е во опасност.

Главниот мотив за нападот е наводно лично непријателство кое трае веќе подолго време, а Абакарова ја обвини и Османова дека се однесува навредливо кон неа и кон нејзиното семејство.

Организаторите на турнирот го пријавиле инцидентот во полиција, која ја прегледала снимката од надзорната камера и открила дека зад сето тоа стои Абакаров.

„Нејзините постапки можеа да доведат до трагични последици кои ги загрозија животите на присутните. Таа мора да сноси одговорност за она што го направи“, изјави министерот за спорт во Дагестан.

Инаку, Абакарова доби доживотна забрана за учество на шаховски турнири, а и се заканува губење на работата и затворска казна до три години.

Би можело да ве интересира

Титулата е одбранета: Шахистите на Алкалоид повторно до шампионскиот наслов!

Горан Наумовски

Шаховската сезона продолжува со отворените првенства на Македонија – ИМ Панчевски и ИМ Коскоска се први носители

ШК Алкалоид со нови медали на младинските првенства, промовиран и ШК Мулти Есенс

Предраг Петровиќ

Полски шахист одби да се ракува со рускиот велемајстор, кој е жесток поддржувач на Владимир Путин

Предраг Петровиќ

Арсовска игра шах со Дедо Мраз додека ги чека резултатите од истрагата на Финансиска за украсувањето

A1on

ШК Алкалоид загуби минимално од репрезентацијата на Италија