Главниот удар на руската офанзива треба да биде завршенa во рок од месец и пол до два месеци, изјави шефот на Воено-разузнавачката служба на Украина (ГУР) Кирило Буданов во интервју за „Форбс Украина“.
Во мај, Русија започна нова офанзива во северниот дел на Харковската област, но напредувањето на крајот престана. Операцијата беше видена од многу експерти како обид за одвлекување и растерување на украинските сили.
Во меѓувреме, Русија продолжи да зазема села во регионот на Доњецк и да напредува кон градовите Часов Јар и Покровск, за кои западните извештаи велат дека се главни цели на Москва.
„Искуството од војна која трае 10 години ни покажува дека офанзивниот потенцијал на која било инволвирана страна не трае подолго од два месеци. Руските офанзивни операции се приближуваат до третиот месец, така што ќе има одреден пад“, рече Буданов.
Генералот Олександр Пивненко, командант на Националната гарда на Украина, претстави сличен распоред во јули, кога рече дека руската офанзива ќе заврши за месец и половина, од кои половина веќе помина.
Обраќајќи им се на матурантите на Киевското економско училиште, Буданов рече дека по „мало затишје“, Русија повторно ќе се обиде да нападне.
„Се подготвуваме за ова. Затоа се зависи од нас какви ќе бидат нашите постапки“, додаде Кирило Буданов.