Подготвувале терористички напад на концертот на Тејлор Свифт, еден од уапсените има македонско потекло

Од:

Двајца осомничени екстремисти се уапсени денеска во Австрија, а еден од нив е осомничен дека планирал напад на некои од настаните во Виена, вклучително и на претстојните концерти на Тејлор Свифт, соопштија властите.

Главниот осомничен (19) е уапсен во Терница и, според австриската полиција, тој е Австриец со северномакедонско потекло, а второто лице е уапсено во Виена. Се уште не се познати детали за помладиот осомничен. Сепак, според надлежните, едно е сигурно: се вршеле подготовки за терористички напад, а целта биле настани во пошироката област на Виена. Потрагата по останатите осомничени е во тек.

Франц Руф, директор за јавна безбедност во австриското Министерство за внатрешни работи, рече дека властите биле свесни за „подготвителни дејствија“ за можен напад и дека 19-годишниот осомничен „се фокусирал на концертите на Тејлор Свифт во Виена“, пренесе АПА.

Раф рече дека 19-годишникот се заколнал на верност на терористичката група Исламска држава. Се верува дека австрискиот државјанин се радикализирал на интернет. Во неговиот стан била пронајдена сомнителна материја за која постои сомневање дека е експлозив и била дадена на тестирање.

Тејлор Свифт закажа концерти на стадионот „Ернст Хапел“ во Виена во четврток, петок и сабота како дел од турнејата Ерас, но поради заканите концертите се откажани.

Ќе се зајакнат безбедносните мерки за концертите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп со Тејлор Свифт: Вештачката интелигенција создаде хаос

Горан Наумовски

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

Трамп призна: Ја мразам Тејлор Свифт!

A1on

Тејлор Свифт е најнаградуваниот уметник во историјата на MTV VMA наградите

Тејлор Свифт ја поддржува Камала Харис

Горан Наумовски

Дел од обожаватeлите се бесни после првиот концерт на Тејлор Свифт во Лондон

Горан Наумовски