Трамп: Ќе ги пополнам стратешките резерви на нафта доколку освојам нов мандат во Белата куќа

Од:

Републиканскиот претседателски кандидат и поранешен американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе ги надополни стратешките нафтени резерви на Америка доколку биде избран за уште еден мандат во Белата куќа во ноември.

„Ги пополнував резервите на нивоа што никогаш досега не ги виделе. Треба веднаш да ги надополниме стратешките резерви“, рече тој во интервју за Фокс њуз.

Администрацијата на актуелниот демократски претседател Џо Бајден летово го зголеми купувањето на сурова нафта за да ги надополни стратешките резерви по историската продажба на залихите во 2022 година, по руската инвазија на Украина, потсетува Ројтерс.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ѕвездата на OnlyFans направи хаос на митингот на Трамп: На сите им ги покажа голите гради

Трамп рече дека „најверојатно“ ќе се сретне со Зеленски

ВИДЕО: Атентаторот на Трамп 12 часа се криел во грмушки пред да биде откриен

Трамп: Пукаа во моја близина, никогаш нема да се предадам

ВИДЕО: Со калашников дошол на 400 метри од Трамп, втор обид за атентат во два месеци

Катерина Ѓуровски

„Вашингтон пост“: Откриени нови, но бројни пропусти во обезбедувањето на Трамп