Иранскиот одговор на атентатот на лидерот на Хамас Исмаил Ханије во Техеран ќе се случи во вистинско време и во соодветна форма, изјави денеска вршителот на должноста министер за надворешни работи на Иран, Али Багери Кани.
Во изјавата тој нагласи дека Техеран нема друга опција освен да го искористи своето право да се брани и да се соочи со Израел, објави Ројтерс.
Багери Кани изјави дека Техеран направил се за да избегне конфронтација во регионот.
Тој нагласи дека убиството на лидерот на Хамас не можело да се случи без поддршката на САД.
Иран и палестинската милитантна група Хамас го обвинуваат Израел за убиство на Ханијe на 31 јули.
Израел ниту ја презеде ниту ја негираше одговорноста за убиството на Ханијe.