Дисциплинската комисија на Европската фудбалска унија (УЕФА) денеска на еден натпревар ги суспендираше репрезентативците на Шпанија Алваро Мората и Родри поради скандирањата „Гибралтар е Шпанија“ за време на прославата во Мадрид, по освојувањето на Европското првенство.
Како што се наведува во соопштението, шпанските репрезентативци се казнети за непочитување на општите принципи на однесување и за кршење на основните правила на пристојно однесување.
Родри и Мората нема да можат да играат во првото коло од Лигата на нации против Србија на 5 септември во Белград.