Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

Од:

Мексико го покани рускиот претседател Владимир Путин на инаугурацијата на новоизбраната претседателка Клаудија Шејнбаум на 1 октомври, пишува рускиот весник „Известија“, повикувајќи се на мексиканската амбасада во Русија. „Поканата до Русија да учествува на инаугурацијата на претседателот Шејнбаум е испратена до претседателот Путин“, изјави претставник на мексиканската амбасада, пренесува „Известија“.

„Рускиот претседател ќе одлучи дали самиот ќе учествува на церемонијата или ќе назначи друг висок функционер да го стори тоа во негово име“, пишува весникот. Министерството за надворешни работи на Мексико подоцна за Ројтерс изјави дека владата испратила дипломатски ноти до сите земји со кои има односи, како и до меѓународните организации чиишто членка е, поканувајќи ги на инаугурацијата.

Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење против Путин во 2023 година, обвинувајќи го за воено злосторство за илегално депортирање на стотици деца од Украина, откако Москва ја започна својата инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Иако Русија не е членка на МКС, Мексико е. Но, двете земји развиваат блиски врски, а Путин и честиташе на Шејнбаум за нејзината победа во јуни, велејќи дека Мексико е „историски пријателски партнер на Русија во Латинска Америка“. Министерството за надворешни работи не одговори на прашањето како членството на Мексико во МКС ќе влијае на евентуалното доаѓање на Путин на инаугурацијата на претседателот.

Би можело да ве интересира

Трамп: Сакам Путин да постигне договор со Украина

Горан Наумовски

Кремљ: Путин останува отворен за разговори со Трамп, тоа може да се случи многу наскоро

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Фараж со апел до Трамп: Путин не смее да победи

Путин дадe дозвола: Новото „нуклеарно чудо“ е подготвено

Горан Наумовски