Писмен став на ХТЛ за изјавата на пратеникот Беким Сали од политичкиот субјект ВРЕДИ за набавка на видео лотариски терминали за потребите на НОВО ВЛТ

Од:

Во врска со денешната изјава на пратеникот на политичкиот субјект ВРЕДИ, Г-дин Беким Сали, дадена пред Јавното Обвинителство со „барање по допрен глас да се реагира за постизборна набавка на казино апарати“ во интерес на објективно и непристрасно информирање на јавноста, сакаме да укажеме на следното:

Наводите изнесени во врска со споменатата јавна набавка не ја одразуваат фактичката состојба, служат за дневно партиска пресметка во која на нашата компанија и се нанесува сериозна корпоративна штета. Затоа, не случајно во изјавата се користи прашална форма со цел да се избегне евентуална одговорност за пласирање невистини.

Имено, станува збор за јавна набавка од отворен тип, спроведена според сите позитивни законски прописи, на која интерес можат да покажат сите економски оператори кои се занимаваат со конкретната дејност што е предмет на јавната набавка. За жал се прават „весели математики“ за да се создаде погрешен впечаток во јавноста.

Прво, склучена е Рамковна спогодба во времетраење од две години, која предвидува дека во тој период може да се набават максимум до 2100 видео лотариски терминали за потребите на Друштвото за организирање електронски игри на среќа – Нова Државна Видео Лотарија – НОВО ВЛТ ДООЕЛ Скопје. Тоа во никој случај не значи дека ќе се набави целата количина наведена во јавната набавка. Дополнително, спроведена е редовна управна контрола од страна на Бирото за јавни набавки за начинот на спроведување на набавката и не се утврдени никакви неправилности, што е дополнителен аргумент за целосната законитост во работењето.

Второ, наводните пазарни поединечни цени за еден видео лотариски терминал се апсолутно неточни и за износите со кои се претставува некоја фантомска разлика одговорно тврдиме дека не може во никој случај да се набават нови видео лотариски терминали. Согласно фактот дека меѓу другото Новоматик е еден од најголемите производители на апарати за игри на среќа на светско ниво, ХТЛ како нивен претставник имаше најповолна понуда. Притоа, исклучително важно е што за потребите на оваа јавна набавка не искористен ниту еден денар од Државниот Буџет. Тоа што ХТЛ истовремено е малцински содружник на Државна Лотарија во НОВО ВЛТ, не значи дека по автоматизам треба да се доведува во прашање законитоста и конкурентноста на спроведената постапка за јавни набавки. Како и да е, ние нема што да криеме. Ги повикуваме надлежните државни институции да ги преземат сите неопходни чекори за утврдување на фактичката состојба.

ХТЛ е компанија која е дел од Групацијата Новоматик Македонија. Станува збор за светски етаблиран бренд во индустријата игри на среќа со исклучително позитивно реноме и корпоративен имиџ на компанија која во своето деловно портфолио имплементира највисоки професионални стандарди. Групацијата Новоматик Македонија вработува 2 илјади македонски државјани и до сега во Македонија има реализирани инвестиции во вредност од околу 160 милиони евра. Инвестициските планови предвидуваат нови инвестиции кои несомнено уште повеќе ќе ја придвижуваат македонската економија напред. Оттука, ХТЛ, или било која друга компанија од Групацијата Новоматик Македонија, кои претставуваат капитал од земја членка на ЕУ, никогаш нема да си дозволат било какви деловно-правни односи кои можат негативно да влијаат или да го нарушат принципот на делување исклучиво согласно позитивните законски прописи.

Не сакаме да веруваме дека постои обид за смислено вовлекување на Групацијата Новоматик Македонија во дневно политичките пресметки и затоа апелираме до политичките партии пред да изнесуваат вакви наводи да прават точна и прецизна проценка на обемот на корпоративна штета која ја нанесуваат на една светски реномирана економска групација која веќе 18 години е присутна на македонскиот пазар.

ХТЛ Македонија

Би можело да ве интересира

Сали нема информации за план за дестабилизација, го упати Мицкоски во Обвинителство

Горан Наумовски

„Вреди“ бара од Обвинителството да реагира по допрен глас за постизборна набавка на казино апарати

ВИДЕО: Новоматик Македонија ќе го финансира ФК Вардар со еден милион евра годишно

Катерина Ѓуровски

„Фламинго покер турнир“ седми пат во казино Фламинго хотел Гевгелија

Филипче и Сали први на распит кај Мизрахи: Анкетната комисија за Онкологија почна со работа

A1on

Беким Сали го одобрил приемот на амбулантитите и исплатата, да престане да манипулира реагира Министерството за здравство