Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не смета дека е потребна смена на собранискиот спикер: Одговорноста е лоцирана

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не смета дека е потребна смена на собранискиот спикер, одговорноста е лоцирана, институциите како никогаш до сега превземаа итни и неодлoжни мерки.Сега има кривични пријавиа во минатото ваквите случаи беа ставани под тепих, реагираат од партијата.

Да потсетиме имаше времиња кога пајаци од градски паркинг удираа полициски работници и никој со прст не мрдаше и десеттици случаи од ваков тип на непостапување и безредие во владата на ДУИ и СДС.

Ние докажавме дека држава има и дека законите мора да важат за секого.

Обидите на СДС, ДУИ и Левица да ќарат политички поени на оваа тема не не изненадуваат и очекуваме вакви и слични обиди за девијантно однесување од нивна страна и во иднина.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изнесе јасна порака дека никој не е над законот.

ВМРО-ДПМНЕ осудува и ќе осудува секогаш било какви дејствија надвор од законот и кои го нарушуваат редот, допрва ќе се уверуваат сите дека законите ќе важат подеднакво за сите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по повиците за одговорност на Гаши и поднесената интерпелација за него.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Гаши не го почитува Деловникот, бранителите ќе извисат поради желбите на ВЛЕН

Арсовски: Движењето ЗНАМ нема да ја поддржи интерпелацијата за спикерот Гаши

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ нема да ја поддржи интерпелацијата против Гаши

(ВИДЕО) Апасиев: Ако Џафери беше мајстор – Гаши е велемајстор за скандали

Мицкоски: ВМРО – ДПМНЕ нема да поддржи интерпелација на Гаши

Хисени: Според законските прописи и стандарди е посетата на Гаши на Косово

Горан Наумовски