СДСМ: Обвинителството да го повика Мицкоски на сослушување за информациите за дестабилизација

Од:

Мицкоски од вчера молчи на повиците на СДСМ и претседателот Филипче да ги објави наводните информации за дестабилизација на државата од страна на политичка партија. Доколку Мицкоски вистински поседува информации тој е должен итно да ги информира институциите, зошто тоа не го прави? Премиер кој кажува дека има информации за нарушување на безбедносната состојба и мирот во земјата, а ништо не презема околу тоа е директен соучесник на евентуално сценарио, велат од СДСМ.

– Доколку тоа го прави само а да ги заплаши граѓаните и да манипулира со нивните чувства обидувајќи се да ја смени темата од скандалите кои ја пратат неговата влада, тогаш станува збор за човек кој му мисли лошо на својот народ. Секоја најава за дестабилизација значи грч за граѓаните, грч за економијата, страв и тензија во општеството. Доколку тоа Мицкоски го прави без основа и без да преземе конкретни чекори, Мицкоски е тој што дестабилизира. Бараме итно да се произнесе прецизно по ова тврдење, бараме Сиљановска Давкова да го свика Советот за безбедност ако е воопшто конституиран. Бараме обвинителството да покрене истрага и да го викен Мицкоски на сослушување – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски