Со Венецуела управува диктатор, изјави поранешниот претседател на САД и републикански кандидат на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп, без да го спомене венецуелскиот лидер Николас Мадуро по име.
„Многу добро го знам тоа, Венецуела моментално ја води диктатор“, рече Трамп во интервјуто на платформата Кик, пренесе Ројтерс.
По изборите одржани на 28 јули, Изборната комисија на Венецуела го прогласи Мадуро, кој е на власт од 2013 година, за победник со 51 отсто од гласовите, што предизвика обвинувања на опозицијата за измама.