Приходите од руската нафта и гас се зголемени за 62 отсто

Од:

Приходите на рускиот буџет од нафта и гас за првите седум месеци од оваа година се зголемени за 61,6% на годишно ниво, на 6,77 трилиони рубљи или приближно 72,85 милијарди евра, соопшти денеска руското Министерство за финансии.

Даноците за екстракција и извоз на нафта и гасен кондензат (данок за екстракција на минерали, извозна такса и дополнителен данок на добивка) од јануари до јули 2024 година донеле 7,94 трилиони рубљи или 85,32 милијарди евра во рускиот буџет, пренесува ТАСС.

Производството на гас во Русија годинава ќе се зголеми за шест отсто на 675 милијарди кубни метри, се наведува во најновиот извештај на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) за пазарот на гас.

Според податоците на агенцијата, производството на руски гас во првата половина од оваа година се зголемило за седум отсто на годишно ниво, пренесува Комерсант.

Главен мотор на растот на производството на гас во првата половина од годинава беше растот на извозот на гас преку гасоводи, како и на извозот на течен природен гас, пренесува Танјуг.

Во споменатиот период Русија ги зголеми испораките на гас за Кина преку гасоводот „Силата на Сибир“ за 35 отсто на годишно ниво, а зголемена е и испораката за Европа.

Би можело да ве интересира

Трамп ќе воведе царини од 25 отсто за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела

Русија: Пет лица повредени, 54 евакуирани поради експлозија на гас

Нови цени на горивата

Фицо го навреди Зеленски, но ја пофали Русија: Оди наоколу и моли, Русите никогаш не не излажале

Предраг Петровиќ

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина

Рекордни количества плин купуваат европските земји од Русија