ВИДЕО: ГРОМ со претседателски кандидат на пролет

Од:

Граѓанската опција ГРОМ најави дека прераснува во партија, но и дека ќе истакне свој кандидат за престојните избори во март 2014-та кога ке се избира шеф на државата.

За сабота, градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски го најави основачкото собрание на ГРОМ, а интенцијата според него е партијата да прерасне во трета политичка опција. Јакимовски, посочи дека како основачи се јавуваат 1.100 поддржувачи, а ГРОМ интензивно ја припремал програмата која ќе ја понудат пред граѓаните за претседателските избори следната година на пролет.

СДСМ го обвини градоначалникот на Карпош дека преку насилни методи, ГРОМ и Стевчо Јакимовски регрутираат членство, слично на ВМРО-ДПМНЕ, што Јакимовски денеска го отфрли со образложение дека не сака да се занимава со СДСМ и со како што рече, нивните постојани погрешни политики. Тој исклучи предизборна коалиција со друга политичка партија. Ќе понудел соработка на помалите партии-Српската напредна странка на Драгиша Милетиќ и Либералната партија.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

Гром уби човек во Црна Гора

А1он

Од удар на гром во САД: Загина маж, 13 повредени, четири деца се хоспитализирани

Тројца загинати и четворица повредени – гром удри на плажа во Русија

А1он

Според ГРОМ, ден „Д“ од каде треба да се насочи истрагата е 21.12.2024 год. денот кога УJП, на овој објект му ставила пломба и го затворила

Гром предизивка пожар во Бајловце, општина Старо Нагоричане

Горан Наумовски

Гром удри во две момчиња во Радовиш, 20-годишно момче загина, неговиот другар повреден

Анита Петровска Рајковиќ