(ВИДЕО) Ѓоковиќ со шампањ го прослави златниот медал на Олимписките игри

Од:

Новак Ѓоковиќ го освои златниот медал на Олимписките игри, уште еднаш го воодушеви светот и нацијата, а по одржаната прес-конференција следуваше прославата.

На социјалните мрежи се појави видео во кое главен актер е српскиот ас, со шише шампањ во раката. Тој го отвора шампањот, пред да ги испее редовите од познатата песна на Звонко Богдан.

„Шампањот ќе го отвориме, ќе го отвориме и ќе го пиеме“, запеа тој.

Финалето траеше речиси три часа, а во сетови беше 7:6, 7:6 за 37-годишниот Ѓоковиќ, кој со тоа стана најстариот освојувач на златен олимписки медал.

Ѓоковиќ го освои и единствениот голем тениски трофеј што му недостигаше во неговата величествена кариера во која освои дури 24 Грен слем турнири.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ рутински во Ријад го победи Надал

Новак Ѓоковиќ е поразен, Синер се пласираше во финалето на егзибицијата „Шест кралеви“

Горан Наумовски

Ѓоковиќ е поразен во егзибицискиот меч во Софија од Григор Димитров

Горан Наумовски

Ѓоковиќ: Не е лесно да се игра во ваква атмосфера

A1on

Ѓоковиќ испадна од УС Опен: Го играв најлошиот тенис досега

ВИДЕО: Спектакуларен крај на Игрите во Париз, Том Круз го однесе олимпиското знамето во Лос Анџелес