Загина 35-годишник од струмичко, со мотор излетал од пат

Од:

35-годишен жител на струмичкото село Василево го загуби животтот во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Радовиш-Штип отоако со моторот кој го управувал излетал од патот. Смрт била констатирана во Клиничката болница во Штип.

– На 02.08.2024 во 22.05 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш-Штип, моторцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од С.М.(35) од с.Василево, струмичко, излетал надвор од коловозот. По несреќата, мотоциклистот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош, каде од страна на лекар констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Радовиш, информираше МВР.

Би можело да ве интересира

Прегазен велосипедист во центарот на Скопје, починал на местото на несреќата

ВИДЕО: Скопјанецот кој прегази жена и побегна е приведен на Средно Водно

Катерина Ѓуровски

21-годишен кумановец загина во сообраќајна несреќа

Ресенчанка со тврд предмет ја тепала болната малолетна ќерка

Арсенал оружје и многу дрога најдени кај жител на Подмоље

Катерина Ѓуровски

16-годишник се затрул со алкохол во угостителски објект во Гостивар