Марш на мирот во Прилеп

Од:

Прилепските борци вчера го одбележаа Меѓународниот ден на мирот, марширајќи под мотото „Ветераните чекорат за мир“. Се дефилираше од Участакот до Могилата на непобедените.

Светската федерација на ветераните секоја година, традиционално, во овие денови организира насекаде во светот мировни манифестации.Сојузот на борци на Македонија како членка на Светската федерација на ветераните петта година е носител и организатор на овој Марш на мирот во нашата земја.

Ветераните упатија порака за промовирање на соживот и мир. Инцидентите беа јавно осудени со порака за заеднички живот, почитување и разбирање со сите што живеат на оваа земја.

Меѓународниот ден на мирот се празнува од 2001 година, кога Генералното собрание на Обединетите нации ја донело Резолуцијата за одбележување на Денот на мирот.

А.Ш.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Попоски: На Прилеп му се случува невидена градежна офанзива, ама неа се уште никој не ја видел

Горан Наумовски

Во Прилеп свечено отворен 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

Предраг Петровиќ

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Маж падна во провалија, со тешки повреди згрижен е во прилепската болница

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница