Најмалку четири лица загинаа во експлозија на гас во зграда во Русија

Од:

Најмалку четири лица загинаа во експлозија на гас во зграда во Нижни Тагил во Свердловската област во Русија, соопшти денеска прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации.

Експлозија на гас се случи во четвртокот во петкатна станбена зграда во Нижни Тагил, а според последните податоци од урнатините се извлечени телата на четири лица, а 17 од нив се спасени, меѓу кои и шест деца, пренесе Интерфакс.

Во акцијата за спасување учествуваат повеќе од 450 спасувачи.

Како резултат на експлозијата е поведена кривична постапка за вршење работи или давање услуги кои не ги исполнуваат условите за безбедност на потрошувачите.

Во експлозијата се урнале два влеза во зградата.

Би можело да ве интересира

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции против Русија

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Блумберг: Украина лансираше британски ракети кон Русија

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје

Украина: Русите шират дезинформации за бомбардирањето