Хрватска во борба со огнената стихија: Гори најубавиот дел од шумата во паркот на природата Биоково

Од:

Во хрватскиот природен парк Биоково веќе неколку дена гори автохтона шума, а пожарот во областа Тучеп се уште е активен, јавија денеска хрватските медиуми.

Пожарникарите од целата област се на терен, пишува загрепски Индекс.

Тој пожар настанал од невнимание на локален пчелар, против кого е поднесена кривична пријава.

Пожарникарите цела ноќ дежураа во Тучеп стравувајќи дека ветрот може да создаде нови проблеми.

Во паркот на природата Биоково гори најубавиот дел, автохтона шума од далматински црн бор, стар сто години.

Во Вршине кај Трогир пожарот е активен од вторник попладне, а отворениот и непристапен терен го отежнува гаснењето на пожарникарите.

Сè уште е активен пожарот во областа Скрадин – Иќево, а на површина од повеќе од 1.000 хектари гори ниска вегетација и борова шума.

Би можело да ве интересира

Адвокатска комора: Предизвикувањето пожар во Комората е напад врз целокупната адвокатура и правниот систем во државата

Пожар во канцеларија на Адвокатска комора

Изгореа покрив и кат од семејна куќа во Струмица

А1он

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пламнал пожар во празен автобус на ЈСП

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он