Влен: Дирекцијата за финансиско разузнавање ќе биде водена од албански кадар

Од:

Борбата против корупцијата ќе биде бескомпромисна. Објавуваме дека за прв пат во историјата на нашата земја, клучна институција за борба против корупцијата, Дирекцијата за финансиско разузнавање, ќе биде водена од албански кадар, Кујтим Ибиши, со чиста биографија и без никаква корупциска дамка, ќе ја води оваа важна институција за борба против ракот на нашето општество – корупцијата, перењето пари и други криминални активности. Неговата посветеност и ангажираност се гаранција за праведно и ефикасно управување со оваа институција, велат од Влен.

„Коалицијата Влен ја презеде оваа одговорност со решителност и посветеност за да ја води оваа клучна институција. Преку Дирекцијата за финансиско разузнавање, ќе работиме интензивно за да ја реализираме нашата програмски столб: борбата против криминалот и корупцијата! Со оваа Дирекција, го заокружуваме синџирот на сите институции и механизми за борба против криминалот и корупцијата. Коалицијата Влен останува посветена на донесување позитивни промени и осигурување дека сите наши активности се во согласност со принципите на правдата и транспарентноста. Веруваме дека со соодветна ангажираност и посветеност, ќе успееме да се бориме и да ја поразиме корупцијата во нашата земја“, нагласуваат од Влен.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Партијата што го уништи владеењето на правото, денес држи предавања за ЕУ

Сулејмани: ВРЕДИ изразува длабока загриженост за турбуленциите во рамки на албанската опозиција

ВЛЕН: НАИ како коалиција без кауза веќе се распаѓа!

ВЛЕН: ДУИ е последната партија што треба да зборува за ЕУ

Влен: НАИ сè уште е во изборен молк

Горан Наумовски

ВЛЕН: Еден глас за победата на 2 ноември

Горан Наумовски