Голем пожар во Далмација, се евакуираат луѓе, пожар ги зафати куќите

Од:

Во Далмација избувна голем пожар поради што почна евакуацијата на населението. Како што потврди градоначалникот на Скрадин, Антонио Брајковиќ, ќе го евакуираат населението од Пластово кај Братишковец.

– Ја задолживме Цивилната заштита од Скрадин да биде подготвена да прими луѓе, зградата на основното училиште е подготвена. Колку што знам, повеќето граѓани отишле кај роднините и пријателите, мислам дека уште никој не дошол на училиште – рекол Брајковиќ, пренесе „Јутарњи лист“.

Пожарникарите велат дека состојбата на терен е многу тешка.

– Даваме се од себе. Пожарот го зафати целото подрачје на Братишковец и Пластово – изјави пожарникарот Дарко Дукиќ.

Тој потврди дека се размислува за евакуација на Центарот за рехабилитација во Братишковец, но таа одлука се уште не е донесена. Основното училиште во Скрадин веќе е подготвено да прими евакуирани лица, пишува „Јутарњи лист“.

Би можело да ве интересира

Адвокатска комора: Предизвикувањето пожар во Комората е напад врз целокупната адвокатура и правниот систем во државата

Пожар во канцеларија на Адвокатска комора

Изгореа покрив и кат од семејна куќа во Струмица

А1он

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пламнал пожар во празен автобус на ЈСП

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он