ЗНАМ и ВРЕДИ во клинч за балансерот: За Минчев тоа е завршена работа, партнерот од Владата му порача дека „пука со ќор фишеци“

Од:

Немам намера да провоцирам ниту еден од нашите коалициони партнери. Ќе повторам, исклучиво спроведуваме закони, а еден од принципите на коишто е договорена оваа коалиција е и почитување на законите. Јас само спроведувам закони. Во Законот за вработени во јавниот сектор децидно пишува дека алатката балансер се применува исклучиво за граѓаните кои живеат на територија на Република Македонија, а тоа е резидентното население согласно податоците од последниот попис. Се надевам дека колегите од Вреди ќе се вразумат, ќе потрошат повеќе внимание на читање на постоечките закони и ќе се посветат на спроведување на овие закони, а нема да се занимаваат со дневно политички теми, изјави денеска министерот за јавна администрација Горан Минчев.

На прес-конферениција, Минчев одговарајќи на новинарски прашања повтори дека пресметката во балансерот, односно правичната застапеност на етничките заедници во јавната администрација, се однесува исклучиво на резидентното население, односно на сите жители кои живеат на територијата на државата.

– Таа тема е завршена и архивирана. Не постои ништо што е намерно. Или ќе се почитува законот или нема да се почитува. Како министер сум должен да го почитувам законот и тоа ќе го правам се додека сум министер до последната запирка. Стриктно е наведен членот ако мислите за пресметката во балансерот дека се однесува исклучиво на резидентното население, односно на територијата на Република Македонија. Тоа значи дека сите жители коишто живеат на територијата на Република Македонија ќе бидат во пресметката на т.н. балансер, односно во формулата за пресметка. Таа тема е завршена и архивирана и се спроведува, изјави Минчев на новинарско прашање.

Во реакцијата на денешните изјави на Минлер од ВРЕИ велат дека тој и Димитриевски живеат во заблуди.

– Минчев и Димитриевски уште живеат во сопствените заблуди. Не живееме во 1997, ниту тие се клучен фактор во Владата. Напротив! Застапеноста на Албанците никогаш нема да биде завршено прашање, и најмалку ќе зависи од партија како ЗНАМ. Дневна политика од Балансерот прават токму Минчев и Димитриевски, кои мислат дека нивната Анти – Албанска доктрина ќе ги направи голема партија. Наместо да пукаат со ќор фишеци треба да го научат ставот на ВЛЕН. Ние сметаме дека Балансерот е нефункционално решение кое стана предмет на злоупотреба на Македонците, кои за да се вработат во јавната администрација се пишуваат Албанци. Затоа, неопходен е Закон за правична застапеност кој ќе овозможува Албанците да бидат дел од сите институции врз основа на квалитет, интегритет, стручност, се вели во реакцијата од ВРЕДИ.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Промената дојде, се зајакнуваат врските на Северна Македонија со Косово

ДУИ: Нафије Селмани и Афрона Верзиволи се партиски кандидати

Катерина Ѓуровски

ВРЕДИ: Демант на лагите на Блерим Беџети и неговиот следбеник Весели

А1он

ЗНАМ: СДСМ со нападот на Минчев потврдува дека не знае што е државна политика

А1он

ВРЕДИ: Следи целосно расчистување на малверзациите во Лотарија

ВРЕДИ: Ако Ахмети навистина сака предвремени парламентарни избори, нека депонира писмена гаранција дека кога ќе загуби ќе си замине од политиката